Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби

Меѓународната конференција Прв, втор, друг јазик: хрватско/македонски споредби се занимава со важни, но недоволно истражени теми на двете заединици: усвојување на македонскиот и на хрватскиот како прв, втор, наследен и друг јазик; јазикот во образованието; јазичните обележја на етничните заедници во двете држави; македонскиот и хрватскиот во светот; терминологијата и начинот на испитување на познавањето на двата јазика итн. Соработката на научниците од двете земји и истражувањето на сродните јазици од разновидни социолингвистички средини ќе дадат нови согледби во овие актуелни теми на европската јазична политика.